Вардар победнички ги почна подготовките во Норчија
Умбрија е италијански нисколигаш, аматерска селекција на фудбалери. Составот на Вардар беше пред се од млади фудбалери зачинет и со неколку поискусни играчи.
Со голови на младите надежи Огнен Јаков и Иво Марковски во првото полувреме, Вардар водеше со 2-0. Во вториот дел гол даде и италијанскиот тим за конечни 2-1 за македонскиот тим.
Стартери за Вардар беа: Диковски - Мишковски, Најдовски, Куестас - Јевтовски, Дурански, Д. Тодоровски, Ф. Цветковски - Иво Марковски, Огнен Јаков, Данев.
Резерви: Велковски, Мурџевски, Бајрами, М. Николов, Митановски
Остатокот од фудбалерите денеска имаа слободен ден.
На тимот на Вардар во Норчија му се приклучија и петте репрезентативци кои подоцна ги почнуваат подготовките.