Гест на португалските фудбалери кој буди големи емоции!

Португалија ги прави завршните подготовки пред првиот настап на Светското првенство, а на тренинзите и прес-конференциите беше забележана една работа која им падна во очи на сите.

Португалските фудбалери на рацете носат посебни алки на кои ги има испишано имињата на сите во репрезентацијата, но и на починатиот Диого Жота.

Португалците на овој начин сакаат да израза почит кон Жота кој остави белег во португалската репрезентација.

Изминатото лето ненадејната смрт на Жота ги шокираше сите во Португалија, но и сите во фудбалскиот свет.