Бразил не почитуваше правило на СП, Винисиус е во главната улога!
Мароко доминираше речиси во целото прво полувреме, Винисиус со индивидуален потег донесе реми од 1-1. Двата гола беа постигнати во првиот дел.
Според правилата на ФИФА за Светското првенство, фудбалери на секоја селекција имаат обврска да дадат интервју на полувремето. Новинарите го сакаа Винисиус, но тој одби.
„Ќе добиеш голема финансиска казна за ова“, му рече новинарот на Винисиус.
„Ќе ја платиме, но никој од нас нема да излезе и да зборува сега на микрофонот“, врати Винисиус.
Останува да се види дали ФИФА ќе го казни Бразил за ваквото непочитување на правилата и каква ќе биде евентуалната санкција.