Ѓорческа не се предава – ќе проба да влезе на главниот турнир на големиот Вимблдон!
По учеството во квалификациите за Австралијан Опен и Ролан Гарос, таа добива нова можност да се бори за место во главниот жреб на најпрестижниот турнир во светот, кој се игра на тревна подлога. Ѓорческа веќе ги започна подготовките за настапите на трева, подлога која носи поинакви предизвици и бара специфична адаптација во играта.
Тетовчанката во моментов се наоѓа на 211. место на ВТА-листата, а добрите настапи во квалификациите би можеле дополнително да ѝ помогнат во напредокот на светската ранг-листа.