Драма во Барселона: Хамилтон по 685 дена победи на Ф1 трка – првпат со Ферари!

Еден од најдобрите возачи во формула 1-шампионатот на сите времиња, Луис Хамилтон, е сензационален победник на Големата награда на Каталонија, која денеска се возеше во Барселона, со што стави крај на двегодишниот пост односно по 686 дена повторно се најде на највисокото место на пиедесталот.

За Британецот ова е 106. победа во кариерата, прва како возач на тимот на Ферари, кој има голема улога во триумфот со брилијантната стратегија. Хамилтон почна на меки гуми, направи голем хаос со неочекуваното брзо второ менување на гумите по што леташе на патеката и ја направи клучната предност. На крајот доби мала помош од возилото за безбедност, кое му овозможи релативно безболно трето менување и шанса за сигурно возење до крајот.

Второто место му припадна на Џорџ Расел на Мерцедес, кој стартуваше од пол-позицијата, но кој до ова дојде најмногу поради ужасот што го снајде неговиот клупски колега, Кими Антонели. Италијанскиот тинејџер маестрално го престигна повозрасниот колега пред крајот на трката, но набрзо потоа мораше да се откаже поради физичко оштетување на болидот. На третото место се најде актуелниот шрвак, Ландо Норис на Мекларен, додека четврти беше Макс Верстапен со Ред Бул, кој извусе релативно неприметливо, но максимално сигурно.

Следната трка се вози за Големата награда на Австрија на 28 јуни.