Робертсон најде начин како да заобиколи едно од новите правила на ФИФА! (ВИДЕО)

Шкотскиот репрезентативец, Енди Робертсон, направи еден мудар потег со кој изигра едно од новите правила на ФИФА.

Правилото важи дека аутот мора да се изведе за пет секунди, а времето почнува да брои откако топката ќе биде во раце на изведувачот.

На ваков начин ФИФА се обидува да го искорени задржувањето на време кое се случуваше при изведување на аутите.

Но, Робертсон најде начин како да го изигра правилото. Тој ја остави топката на земја и ги позиционираше своите соиграчи, откако им кажа каде треба да се постават, ја зема топката и го изведе аутот.

На тој начин шкотскиот фудбалер го изведуваше аутот повеќе секунди од дозволеното, но топката во рацете ја држеше во пропишаното време, па не можеше да биде казнет.