Избрканиот судија од Сомалија, доби уште една позитивна вест!

Судијата Омар Артан на кого Американците не му дозволија да влезе во нивната земја, стана вистински херој во Сомалија, но и пошироко во Африка, а го дозна и целиот свет.

Иако имаше и виза и дипломатски пасош, Американците не го пуштија да влезе во нивната земја. Нивниот срамен гест да му ја затворат вратата, му отвори други врати.

Најпрво стигна информацијата дека УЕФА го назначи за судија на европскиот Суперкуп меѓу ПСЖ и Астон Вила.

А сега е објавено дека и покрај тоа што не суди на Светското првенство, тој ќе ја добие платата исто како да бил дел од Мундијалот.

На сметката на судијата ќе се слеат планираните пари на ФИФА.

Засега судиите не знаат колку точно ќе заработат, тие ќе бидат платени по завршувањето на турнирот. А меѓу платените ќе биде и Омар Артан.