Oд Ред Бул се обиделе да го саботираат Норис, заработија казна!

Eкипата на Ред Бул ќе мора да плати 50.000 долари поради постапка на еден од членовите на својот тим пред стартот на трката за Големата награда на САД за која се покажа дека е многу повеќе од само невнимание.

Инцидентот за кој ќе бидат казнети се случил кога еден од членовите на австрискиот тим сакаше да се врати на почетната позиција за време на загревачкиот круг и покрај тоа што му било кажано дека не смее. Инцидентот не завршил тука, бидејќи било откриено дека причината за враќањето или неовластеното влегување била намерата да се тргне ознаката што Мекларен ја ставиле поради Ландо Норис.

Споменатата одлука служи за Норис добро да го позиционира својот болид на стартот од поредокот и се наоѓа во висина на неговата глава , со цел визуелно да му даде референца каде точно да застане по загревачкиот круг.

Така што ваквиот обид значи и дека од Ред Бул се обиделе да го саботираат Норис, но на крајот обидот не бил успешен. Камерманите кои беа задолжени за преносот не успеаа да го уловат овој момент, но подоцна бил откриен со помош на камерите на самата патека.