Рома го совлада Удинезе и стана нов лидер во Серија А (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома беа подобри од Удинезе со 2-0 во 11. коло од Серија А, со што освоија нови бодови и го преземаа тронот.

„Волчицата“ до водство стигна дури во 42. минута кога Лоренцо Пелегрини од пенал погоди за предност од 1-0, додека победата ја обезбеди Зеки Челик во 61. минута од натпреварот.

Рома по 11 одиграни кола се наоѓа на првата позиција со 24 бодови, односно два повеќе од Милан и Наполи.

Фото: Udinese Calcio 1896