Мајсторија на вардарецот Малус - со пируета и без гледање му даде гол на Алкалоид (ВИДЕО)

Вардар и Алкалоид го играат дербито на 11. коло во македонската ракометна Суперлига, а во 47. минута беше забележана вистинска мајсторија на Јака Малус.

Ракометарот на „црвено-црните“ со пируета и без гледање му даде прекрасен гол на Алкалоид за предност од 28-25 и го приближи Вардар кон 11. победа во домашниот шампионат.