Болоња ги шокираше Елмас и Наполи - трет пораз за шампионот! (ВИДЕО)

Наполи уште еднаш ги разочара навивачите, откако денеска загуби на гостувањето кај Болоња со 0-2 во 11. коло од италијанската Серија А.

Првото полувреме помина без преголеми возбудувања и мрежите на двете екипи мируваа, но затоа во вториот дел италијанскиот шампион делуваше катастрофално, а тоа знаеше како да го казни Болоња.

Далинга во 50. минута погоди за предност од 1-0 на Болоња, а победата ја потврди Лукуми во 66. минута од натпреварот.

Наполи во моментов е на делба на првата позиција со Милан, односно двете екипи имаат по 22 бодови, но „росонерите“ имаат подобра гол-разлика.