Вардарци го прославија новиот триумф со публиката во „Јане“ (ФОТО)
Вардарци налетаа на голем отпор во првото полувреме од Алкалоид, но во второто полувреме го скршија ривалот и стигнаа до посакуваниот триумф со што ја израдуваа публиката во „Јане Сандандски“.
Ракометарите на скопскиот гигант по натпреварот заминаа покрај трибините и ги поздравија верните навивачи кои им даваа голема поддршка во текот на дуелот.

