Норис триумфира во Бразил, а Ферстапен се „врати од мртвите“ и освои подиум (ВИДЕО)

Уште една возбудлива трка во Формула 1 се одржа за Големата награда на Бразил, каде што на патеката Интерлагос најбрз беше Ландо Норис од Мекларен, додека во топ-3 завршија Кими Антонели од Мерцедес и Макс Ферстапен од Ред Бул.

Драма имаше на самиот старт, но и инцидент поради кој Шарл Леклер мораше да ја заврши трката, додека Оскар Пјастри беше казнет со 10 секунди, а тоа го искористи Норис за да ѝ избега на конкуренцијата.

Актуелниот шампион Ферстапен тргна од боксот на Интерлагос, но напредуваше од круг во круг, а стигна и до првото место, меѓутоа на момент затоа што набрзо влезе во бокс за да промени гуми и ја предаде челната позиција. Сепак, Холанѓанецот беше фантастичен до крај на трката и го освои третото место, иако во последните метри од патеката се тркаше со Антонели за втората позиција.

Фото: EPA