Манчестер Сити денеска ќе комплетира засилување од 100 милиони евра!
Тимот на Мареска се уште е активен на пазарот и ги носи последните засилувања кои треба да го направат конкурентен за сите полиња.
Денеска треба да се комплетира трансферот на едно од најскапите засилувања во историја на клубот, Ајоб Буади од Лил.
За овој трансфер Манчестер Сити ќе плати 95 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси.
Фудбалерот денеска ќе биде во Манчестер каде ќе ги помине медицинските тестови и ќе стави потпис на петгодишен договор со англискиот клуб.