Топката од „Божјата рака“ на Марадона продадена за енормна сума пари!
Натпреварот се одигра пред 40 години во Мексико Сити, а Аргентина славеше со 2-0. Марадона ги постигна двата гола – првиот остана запаметен како „Божјата рака“, додека само неколку минути подоцна Аргентинецот реализираше едно од најдобрите индивидуални погодоци во историјата на Мундијалите.
Легендарниот Диего при првиот гол го натскока голманот на Англија, Питер Шилтон и ја испрати топката во мрежата со рака. Тунискиот судија Али Бин Насер не го забележа прекршокот и го призна голот. Тој по натпреварот легендарно изјави дека голот бил постигнат „малку со главата на Марадона и малку со Божјата рака“.
Токму Бин Насер ја зачувал топката по последниот свиреж и ја чувал повеќе од три децении. Во 2022 година ја продал за 2,37 милиони долари, а една година подоцна таа повторно се најде на аукција, но не беше продадена бидејќи понудите не ја достигнаа минималната цена. Иако овојпат достигна 3,3 милиони долари, сумата е далеку под првичните очекувања. Се прогнозираше дека топката може да достигне цена од околу 10 милиони долари.