Црвена Звезда купува јапонски репрезентативец и тоа на - три рати!
Левоногиот стопер, кој може да игра и како последен играч за врска, во белградскиот клуб пристигнува од јапонската Мачида Зелвија во трансфер вреден 1,1 милион евра, објави „Моцарт спорт“. Црвено-белите договорената сума ќе ја исплатат во три рати во текот на следните три години.
Накајама има богато европско искуство. Три сезони настапуваше за холандски Цволе, а потоа две години го носеше дресот на англиски Хадерсфилд. Во 2024 година се врати во Јапонија, каде што минатиот викенд ги одигра сите 90 минути за Мачида во натпреварот против Урава. За јапонскиот клуб досега има 77 настапи, пет гола и седум асистенции.
Накајама има 22 настапи за репрезентацијата на Јапонија, а последен пат националниот дрес го носеше во 2024 година.