Јован Јанковски постави нов државен рекорд на 100 метри делфин

Македонскиот пливач и член на ПК Вардар 2018, Јован Јанковски постави нов државен рекорд во дисциплината 100 метри делфин со време 54,35 секунди.

Јанковски успеа да го урне претходниот рекорд на Марко Блажевски, кој изнесуваше 54,75 секунди.

Пливачот не запре со рушење на рекордот на Блажевски, туку потоа настапи и на 200 метри слободно и постави личен рекорд со време од 1.50,86.