Мајорка го реши Хетафе, Бетис ремизира против Валенсија (ВИДЕО)

Вечерва од 18.30 часот беа одиграни уште два натпревари во шпанската Ла Лига, при што Мајорка славеше со 1-0 против Хетафе, додека Валенсија и Бетис одиграа нерешено (1-1).

Муричи беше стрелец на единствениот гол во победата на Мајорка од 1-0 против Хетафе за важни бодови во шампионатот.

Бетис беше блиску да го освои целиот плен кај Валенсија, откако Чучо Ернандез погоди за предност од 1-0 во 74. минута, но Риоха во финишот стрелаше за 1-1.