Штутгарт го надигра Аугсбург и им се врати на победите
Првото полувреме понуди атрактивен фудбал и дури четири погодоци во Штутгарт. Аугсбург прв зададе удар преку Ридер во осмата минута, по што Мителштад израмни на 1-1 во 18. минута од пенал.
Гостите повторно ја вратија предноста преку Масенго, по што Ундав во финишот на првото полувреме стрелаше за 2-2.
Ундав беше стрелец и на третиот гол за Штутгарт, со што обезбеди целосен пресврт и победа за домашната екипа.
Фото: VfB Stuttgart 1893