Мото ГП и Ф1 ќе се возат во Шпанија до 2026 година

Патеката „Каталуња“ ќе биде домаќин на трките во Мото ГП и Формула 1 шампионатот и во следните пет години, откако денеска двете натпреварувања потпишаа нови договори до 2026 година.

Во рамки на Мото ГП шампионатот оваа трка се вози од 1992 година и претставува една од најомилените кај возачите и навивачите, па така следната година е планирана да се одржи од 3 до 5 јуни.

„Потписот на нов договор е фантастична вест за Мого ГП. Спектакуларната каталонска патека е дел од шампионатот од нашиот почеток“, соопшти Кармело Еспелета.

Кога станува збор за Ф1, на оваа патека се вози трката за Големата награда на Шпанија, па задоволството не го криеше претседателот на „најбрзиот циркус“, Стефано Доменикали.

„Воодушевени сме. Сакам да им се заблагодарам на властите за ентузијазмот и посветеноста да ја задржат Ф1 во Барселона. Тимовите и возачите секогаш се радуваат на трките во Барселона, а шпанските навивачи и понатаму ќе ги гледаат домашните натпреварувачи Фернандо Алонсо и Карлос Саинц“, кажа Доменикали.