Мерцедес закажа промоција: Хамилтон на 13 февруари го добива новиот болид

Мерцедес новиот болид ќе го претстави на 13 февруари, а истиот ден ќе се најде на патеката, пред почетокот на официјалните тестирања.

Моделот „В10“ ќе ја има премиерата на патеката „Силверстон“, пет дена пред тестирањата на „Каталуња“.

Во ист ден како и Мерцедес ќе биде претставен и болидот на Рејсинг Поинт, тим кој досега беше познат како Форс Индија.

За Мерцедес во новата сезона ќе возат повторно Луис Хамилтон и Валтери Ботас, а сезонава ќе ги бранат титулите во двете конкуренции.