Маркез: Се обидов, но не успеав - целта ми е титулата

Шесткратниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, ја откри причината зошто ги напушти вчерашните квалификации пред трката во Андалузија.

Возачот на Репсол Хонда, како што е познато, минатата недела претрпе скршеница на надлактицата, беше опериран само два дена подоцна, а во четвртокот доби дозвола да биде на патеката овој викенд.

Ги пропушти првите тренинзи, возеше само во саботата, а во квалификациите се повлече во боксот по само еден круг. Потоа, тој реши да не започне во втората трка во сезоната, што изненади многумина.

Го следев мојот инстинкт, сакав да го разберам моето тело и да бидам искрен со себе и со другите. Тоа е она што го направив. Во понеделник би рекол дека е невозможно да се вози, но после операцијата бев во ред, можев да направам неколку склекови, да облечам комбинезон и да седнам на мотоциклот. Разговарав со луѓето од тимот, тие мислеа поинаку. Тие сакаа да ме сочуваат, но се согласивме да се обидам и да бидам искрен, истакна Маркез.

Тој му се заблагодари на д-р Чарте за сè што направил, но смета дека ова е најдобрата одлука.

Раката ми беше доста отечена, губев сила во аглите каде што не очекував. Се вратив во боксот, му кажав на тимот што се случува и реков дека ако би било исто во првиот дел од квалификациите или нешто слично – јас ќе се откажам. Не го очекував тоа, затоа што ако дојдам овде, тоа ќе бидам за да возам, но благодарение на Хонда и докторите што ми дадоа можност. Ќе спијам мирно, се обидов, но не успеав, додаде Маркез.

Тој рече дека сака да се подготви за трката во Брно, Чешка.

Мојата главна цел е да се опоравам што е можно поскоро и да се обидам да возам. Знам дека нема да бидам во Брно на 100 проценти и којзнае дали на „Ред Бул ринг“. Втората цел е титулата, има уште многу трки, ова е трка и се може да се случи. Јас сум тука затоа што не се откажувам и никогаш нема да го сторам тоа, ако имам шанса, заврши Шпанецот.