
Маркес потфрли во квалфикациите, но кога е спринтот – нема конкуренција!
За Маркес ова беше 12 победа од 13 спринт трки со што ја продолжи својата доминација во оваа категорија. Шпанецот претходно направи кикс и излета од патеката во квалификациите, па утре ќе стартува како четврти, но затоа во спринтот не погреши.
Зад Маркес заврши неговиот брат, Алекс кој заостануваше само една секунда. Педро Коста успеа да дојде до третата позиција, додека Бецеки кој беше најбрз во квалификациите и ја освои пол-позицијата, спринтот го заврши како четврти.
Главната трка на програмата е в недела од 14:00 часот.
And that means @marcmarquez93 keeps extending that Championship lead 📈#AustrianGP 🇦🇹 pic.twitter.com/MkWc2iAvU1
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) August 16, 2025
Фото: EPA