Македонците завршија еден до друг на првата трка на „Хунгароринг“!

Првата трка на патеката „Хунгароринг“ во ТЦР-шампионатот не донесе позитивни вести за македонските автомобилисти, Игор Стефановски и Виктор Давитковски, кои завршија еден до друг на 13. односно 14 место.

Македонците го подобрија пласманот во однос на стартната позиција, со оглед што Иџе стартуваше од 17-тата, а Давидовски од 23-татат позиција, но за жал не успеаја да се вмешаат во борбата за висок пласман. Стефановски имаше мала незгода за време на трката поради што не успеа да го покаже сиот свој потенцијал.

Победник на трката во Унгарија е српскиот возач Душан Борковиќ, а подиумот го комплетираа Стиан Паулсен и Даниел Наѓ. Втората трка во ТЦР-шампионатот на „Хунгароринг“ се вози утре (недела) од 11.50 часот.