Хамилтон беше најбрз, но Ботас ќе тргне од пол-позиција во Турција

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз во квалификациите пред трката за Големата награда на Турција, но ќе тргне од 11. позиција поради казната од 10 позиции затоа што го промени неговиот мотор.

Седумкратниот светски шампион беше доминантен во квалификациите, кои ги заврши пред својот тимски колега, кој в недела од 14 часот ќе тргне од пол-позицијата, додека зад него е Макс Ферстапен од Ред Бул, а трет ќе почне Шарл Леклер од Ферари.

Веднаш зад нив ќе тргнат Пјер Гасли, Фернандо Алонсо и Серхио Перез, а во топ-10 се уште и Ландо Норис, Ленс Строл и Јуки Цунода.