Фетел „мува не го лази: Не сум премногу загрижен, резултатите ќе си дојдат сами по себе

Пилотот на Ферари, Германецот Себастијан Фетел, повтнорно се најде на критики од страна на јавноста поради слабиот настап на трката за Големата награда на Германија, каде во квалификициите го освои шестото место, а на крајот од трката заврши меѓу последните возачи.

На неделната трка Фетел изгледаше добро се до моментот кога направи голема глупост и удри во задниот дел од болидот на Макс Ферстапен, поради што беше исфрлен од патеката и на крајот мораше да се задоволи со едно од последните места на гридот.

Поради тој инцидент, Фетел доби и дополнителна казна од стјуардите, па така на наредната трка ќе стартува десет места поназад од оствареното време во квалификациите.

Не сум премногу загрижен, знам дека резултатите ќе си дојдат сами по себе. Едвај ја чекам новата трка, изјави Фетел за италијанските медиуми и воедно се обиде да ја смири јавноста од лошите пишувања за него во последните неколку дена.