Ферари објасни зошто му наредиле на Леклер да му даде предност на Фетел

Луис Хамилтон триумфираше на трката за Големата награда на Кина, а во центар на внимание е чудната одлука на Ферари, кога Шарл Леклер мораше да му го препушти своето место на Себастијан Фетел.

Леклер беше видно вознемирен по мечот и бараше објаснување поради одлуката на неговот тим, а конечно се огласи и Матија Биното, кој објасни зошто Леклер го пропуштил Фетел.

„Не сакавме да му дадеме предност на ниту еден возач, туку сметавме дека тоа е најдобра одлука за тимот. Јасно ми е како Леклер се чувствува, но мислам дека Себастијан имаше повеќе шанси. Леклер има право да биде лут и ние тоа го прифаќаме. Жал ни е поради оваа одлука, но можеби следниот пат таа ќе биде во негова корист“, објасни Биното.