
Даниел Рикиардо завршил во болница, доживеал сообраќајна несреќа!
Осумкратниот победник на трките за Големата награда возел мотоцикл во северен Квинсланд, а несреќата се случила во четвртокот.
За среќа, Рикиардо е надвор од животна опасност, но бил испратен во болница каде што му била пружена медицинска помош. Според информациите, поранешниот возач на Ред Бул, Рено и Мекларен се здобил со повреди на клучната коска, меѓутоа засега не се знае точно нивниот карактер.
Daniel Ricciardo, hospitalizado tras un accidente de moto
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) August 16, 2025
✍️ @orimunoz99 https://t.co/qTGJBsAFw0
Наводно, се лекувал во болницата Мосманн која се наоѓа во истото подрачје каде што се случила несреќата. Повеќе детали засега не се познати, но најважно е што од болницата информирале дека Рикиардо бил добро расположен додека ја лекувал повредата.
Фото: Formula 1/X