
Црна боја на возилото на Иџе во чест на настраданите во Кочани (ФОТО)
Стефановски испрати сочувство до семејствата на настраданите во дискотеката „Пулс“ и притоа посочи дека на неговото возило ќе стои црната боја.
„ Во чест на жртвите од трагедијата во Кочани. Црна боја на моето возило со кое ќе настапувам на трките низ Европа како знак на почит кон оние што ги загубија животите во оваа страшна несреќа. Ова не е само боја – ова е порака на сочувство, солидарност и поддршка за нивните семејства и најблиски. Некои победи се на патеката, но вистинските победи се кога сме заедно во тешките моменти. Почивајте во мир“, објави Иџе.