Алонсо беше опериран по несреќа во која го удри автомобил (ФОТО)

Легендарниот возач во Формула 1, Фернандо Алонсо во четвртокот доживеа несреќа кога автомобил го удри додека возеше автомобил, а поради тоа заврши и на операција.

Алонсо по двегодишна пауза реши да се врати во Формула 1, и тоа во Рено, кој годинава ќе се натпреварува под друго име, односно Алпине.

„Докторите открија скршеница во горната вилица и поради тоа мораа да направат операција. Тие се задоволни со напредокот. Фернандо ќе остане два дена во болница и по неколку дена одмор, тој ќе може да се врати на тренинзи. Очекуваме да биде целосно оздравен кога ќе почнат подготовките за новата сезона“, соопштија од тимот.