Земјотрес го стресе Неапол пред натпреварот меѓу Наполи и Реал

Вечерва во Непаол се игра големото дерби на Лигата на шампионите меѓу Наполи и Реал, а синоќа, на речиси 24 часа пред почетокот, во градот се почувствувал земјотрес кој ги вознемирил жителите.

Епицентарот бил на околу девет километри од центарот на Неапол, а неофицијално, земјотресот бил предизвикан од вулканска активност. Тресењето се почувствувало во 22:10 часот и според извештаите не сеизмолозите, бил со јачина од 4 степени што е втор најсилен земјотрес во овој дел во последните 40 години.

 

 

„Четири секунди тресење“, објави новинарот на Радио Марка, Мигел Анхел Торибио кој со експедицијата на Реал Мадрид се наоѓа во хотел во близина на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

 

 

Опсерваторијата во Неапол потоа регистрирала уште осум помали потреси во следните 15 минути. Досега на социјалните беа објавени неколку видео-стории од оштетени објекти, а нема информации за евентуални жртви.