Затоа е Адеми е јунак во Загреб: На загревање почувствував болка, ама се исплатеше што играв

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е капитен на Динамо и херој на загрепчани, откако со гол и асистенција ги водеше „модрите“ со европска есен, најмалку со групи во Лига Европа, а на чекор до пласман во Лигата на шампионите по бравурозните 4-0 во Будимпешта против Ференцварош во третото квалификациско коло.

Фудбалерот за врска го начна Ференцварош во првиот дел, а потоа му асистираше на Дани Олмо за третиот гол за нешто повеќе од еден час игра. Но, херојскиот меч на Адеми е уште поголем, зашто македонскиот репрезентативец призна по мечот дека на загревање почувствувал затегнување и болка, но решил да не се откаже.

„Тешко е било што да се каже после ваков меч. Заслужено поминавме. Јас на загревање почувствував некое затегнување и болка, ама се исплатеше што останав да играм. Голот? Па човекот (Олмо – н.з.) ме најде, па јас после него го најдов и така...Што е тука е“, со насмевка вели Адеми.

Динамо го одигра веројатно најдобриот меч на едно гостување во последната деценија и сега остана уште едно скалило за да стигнат до елитата, а колку „модрите“ беа доминантни, уште поурнебесно објасни капитенот.

„Ние знаевме дека не чека тежок меч, но на крај резултатски испадна вака. И во Загреб бевме подобри. Реалноста е оваа. А заслужено поминавме од едноставна причина – имавме 53 шута, 25 во рамки на гол за два меча. Што човек да каже после тоа? И фала му на Олмо уште еднаш за добрата топка“, додаде Адеми.