
Промена во последен момент: Вајли ќе игра во претквалификациите
Познато е дека центарската позиција е дефицитарна во националниот тим, па повторно Вајли ќе ја спасува ситуацијата, како и многу пати досега. Последната сезона тој ја помина во шпанското првенство, во тимот на Гранада, но летово игра во Порторико, а Илиевски откри дека со задоволство прифатил повторно да го облече македонскиот дрес.
„Добра вест е тоа што од странските кошаркари, ќе го имаме Џејкоб Вајли бидејќи сметавме дека треба да ја покриеме центарската позиција“, рече Илиевски.
Вајли нема играно за Македонија повеќе од три години, последен пат настапи во квалификациите за СП 2023.