Уште еден автогол на ЕУРО 2020: Кјаер носи израмнување за Англија (ВИДЕО)

Англија го израмни резултатот против Данска на 1-1 во полуфиналето на Европското првенство што се игра на „Вебмли“ во Лондон. 

Голот за „Гордиот албион“ го постигна дански фудбалер, Симон Кјаер, кој си ја затресе сопствената мрежа во 39.минута. Претходно Микел Дамсгард погоди од слободен удар за да и донесе водство на Данска во 30.минута. 

Интересно ова е 11-тиот автол на Европското првенство.