УЕФА воведува ВАР во ЛШ уште оваа сезона!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) сериозно размислува за воведување на ВАР-технологијата уште оваа сезона во Лигата на шампиони. 

Видео помошна на судиите официјално во елитното натпреварување ќе почне да се применува идната сезона 2019/2020, но челниците на УЕФА сакаат да го забрзаат процесот и истата да започне да се применува и сезонава во елиминациите во ЛШ.

УЕФА за ова прашање ќе разговара официјално во декември за време на состанокот на Извршниот комитет по што ќе биде донесена и конечна одлука.

Употребата на ВАР донесе многу новитети на Светското првенство, а по вчерашниот непостоечки пенал за Манчестер сити, јасно е дека оваа технологија мора да почне да се употребува и во Лигата на шампиони.