УЕФА покрена дисциплинска постапка против Јунајтед

Навистина неверојатни нешта се случуваат во редовите на еден од најголемите светски клубови.

Манчестер јунајтед е во резултатска криза, проблемите во соблекувалната се безбројни, но и во многу други сфери ситуацијата не е најсјајна.

Очигледно покрај проблемите кои ги имаат во спортскиот сектор, Јунајтед има проблеми и во организацијата, со оглед на тоа дека фудбалерите доцнеа за дуелот од второто коло во Лигата на шампионите на домашен терен против Валенсија!

Оправданието на Јунајтед е дека задоцниле да пристигнат на „Олд Трафорд“ навреме поради сообраќајниот метеж во Манчестер. Дали ова е вистинската прични за доцнењето или драмата во Манчестер јунајтед колуминира поради некои други моменти, останува да видиме, односно англиските медиуми да откријат.

Поради споменатото доцнење, натпреварот на „Олд Трафорд“ започна со петминутно доцнење, а поради тоа им се заканува казна на „ѓаволите“, бидејќи УЕФА веќе покрена дисциплинска постапка.