Треската го зафаќа Ливерпул - финалето ќе се следи во живо на „Енфилд“!

Навивачите на Ливерпул кои немаат можност да отпатуваат во Киев на финалето во Лигата на шампионите сепак ќе можат да уживаат во стадионската атмосфера.

Финалистите во Лигата на шампионите имаат на располагање одреден број влезници за финалето, но секако тоа ниту одблиску не може да ги задоволи сите симпатизери на Ливерпул и Реал Мадрид.

Поради тоа премиерлигашот се одлучи финалето да го пренесува во живот на „Енфилд“, па поради таа намена пуштени се во продажба 15 илјади влезници за трибината под која ќе биде поставен голем лед екран.