Словенија - Србија: Пикси го врати Тадиќ во стартниот состав!

Од 15:00 часот денеска се игра балканското дерби помеѓу Србија и Словенија и за двете репрезентации овој натпревар е од исклучителна важност за место во осминафиналето. Словенија во првото коло ремизираше со Данска, додека Србија беше поразена од Англија.

Веќе се познати и стартните состави на двете репрезентации, а за истакнување е што по тензичната ситуација во натпреварот со Англија, Пикси го враќа Тадиќ во стартниот состав.

СРБИЈА 3-4-1-2: Рајковиќ – Павловиќ, Миленковиќ, Вељковиќ – Младеновиќ, Лукиќ, Иличиќ, Живковиќ – Тадиќ – Митровиќ, Влаховиќ.

СЛОВЕНИЈА 4-4-2: Облак – Карничник, Дрркушиќ, Бјол, Јанжа – Стојановиќ, Гнезда Черин, Елшник, Млакар – Шпорар, Шешко.