Скандал на ЕП: Член на репрезентацијата на Албанија силувал девојка во хотел!?

Германските медиуми денеска објавија потресна приказна дека член на албанската фудбалска репрезентација наводно сексуално злоставувал девојка во хотел.

Тие пишуваат дека јавното обвинителство во Дортмунд отворило истрага против супервизорот на албанската фудбалска репрезентација, кој е осомничен дека силувал девојка во спортскиот центар „Камен-Кајсерау“. Албанскиот тим престојуваше таму за време на Европското првенство, а непосредно пред последниот натпревар во групата, супервизорот, наводно, ја фатил хотелската работничка за рака и дека потоа против нејзина волја имал сексуални дејствија во тоалетот.

„Јавното обвинителство не даде никакви информации за здравствената состојба на жената. Сега истражуваат до кој степен обвинетиот постапил против волјата на жената. Во моментов нема налози за апсење. Обвинетиот - кој не е ниту играч, ниту тренер, ниту функционер, веќе е вратен во Албанија - пишува германска „Антена“.