Ѓорческа со пресврт ја совлада Хартоно и ќе игра четвртфинале во Португалија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше со пресврт против петтата носителка Ариеане Хартоно со 2-1 во сетови, односно 4-6, 6-2 и 6-3.

Ѓорческа на стартот на мечот поведе со 2-0, но потоа Хартоно влезе во серија и направи пресврт (3-2). До крајот на првиот сет се водеше голема битка, а на крајот се радуваше тенисерката од Холандија со 6-4.

Македонската тенисерка доминираше во вториот сет и водеше во еден момент со 5-0 во гемови, но потоа Хартоно врза два гема по ред, но недоволно за да ја исфрли од ритам Ѓорческа (2-6).

Во решавачкиот сет се водеше голема битка до 3-3, по што Ѓорческа направи два брејка и со 6-3 ја запиша големата победа.

Во четвртфинале ќе игра против победничката од мечот меѓу втората носителка Ребека Мерино од Канада и Медисон Инглис од Австралија.