Секулов избега од Македонија и ќе игра финале на ЕП со Италија

Никола Секулов не сакаше да игра за македонските фудбалски репрезентации, а сега во дресот на Италијанцките ќе игра во големото финале на Европското првенство за фудбалери до фудбалери до 17 години. 

„Аѕурите“ во полуфиналето вечерва ја совладаа Франција со 2-1 и тоа со пресврт. Секулов почна од клупата, а во игра влезе во 68-та минута при резултат 1-1.

Италија во големото финале ќе игра против селекцијата на Холандија, која ја совлада Шпанија со минимални 1-0.

По натпреварот Секулов и останатите негови соиграчи ја пееја химната на Италија и заеднички се радуваа со навивачите на трибините.