Англичанецот Шон Кокс се наоѓа во кома откако навивачи на Рома го претепаа пред „Енфилд Роуд“ пред минатонеделниот натпревар во Лигата на шампиони. 

Навивачот на Ливерпул беше нападнат без никаква провокација, па фудбалерите на Рома решија да му искажаат подршка во битката за живот. Тој се наоѓа во тешка состојба во болница, па римјаните ќе се молат за негово закрепнување. На денешниот тренинг пред утрешниот реванш дуел од полуфиналето во Лигата на шампиони против Ливерпул, фудбалерите на „волчицата“ излегоа на терен со маици на кој пишуваше, „напред Шон“.