Се враќа Лигата на шампионите: Елмас гостува во Холандија, дербито е во Лондон!

Вечерва по пауза од 20 дена се враќа Лигата на шампионите, а најинтересно се очекува да биде во Лондон каде што дербито го играат Арсенал и Атлетико.

Ова ќе биде натпревар на две екипи кои во последно време играат одлично. „Топџиите“ врзаа пет победи во сите натпреварувања, додека Атлетико на последните пет натпревари остввари четири победи и според тоа може да се очекува и тоа како интересна пресметка.

Наполи на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас ќе има гостување кај ПСВ во Холандија, а во овој натпревар италијанскиот шампион влегува со победа и пораз во првите две кола, додека ПСВ има само едно реми и пораз.

Програмата ќе биде отворена со натпреварите во првиот термин од 18:45 часот во кои Барселона ќе биде фаворит против Олимпијакос, а Каират ќе се соочи со Пафос.

Интересно може да биде и во натпреварот на актуелниот европски шампион кој гостува кај Баер Леверкузен.

На останатите средби, Борусија Дортмунд гостува во Данска кај Копенхаген, Њукасл е домаќин на Бенфика, Интер ќе биде фаворит во Белгија кај Ројал унион, додека Виљареал ќе го пречека Манчестер сити.

18:45: Барселона – Олимпијакос

Каират – Пафос

21:00: Арсенал – Атлетико Мадрид

Баер Леверкузен – ПСЖ

Копенхаген – Борусија Дортмунд

Њукасл – Бенфика

ПСВ – Наполи

Ројал унион – Интер

Виљареал – Манчестер сити