Големи нереди во Холандија: Уапсени 180 навивачи на Наполи

Вечерва свој натпревар од Лигата на шампионите играат екипите на ПСВ и Наполи, а пред овој дуел кој е закажан за од 21:00 часот се случувал вистински хаос во Холандија.

Полцијата во Ајдховен имала полни раце работа, а приведени биле 180 навивачи на италијанскиот шампион.

Исто така на друга локација во градот биле приведени и четворица навивачи на домашниот тим. Властите во Холандија и очекуваа проблеми, па поради тоа натпреварот беше прогласен за „натпревар од висок ризик“.

Надлежните минатата недела направија и неколку безбедносни зони во близина на стадионот поради страв од судири на навивачите.

Во првите две кола ПСВ освои само бод, додека Наполи со една победа и пораз има три.