
Работнички со нов Американец против Тиквеш ќе бара прва победа сезонава
Тимот на од Градски Парк сезонава по две кола се уште е без победа, а по поразот од ТФТ сега триумф ќе бараат против екипата од Кавадарци, а доведувањето на Алстон треба да му даде повеќе опции на тренерот Мирковски.
Во Работнички, Алстон доаѓа од Нов Зеланд каде што настапуваше за тимот на Хоукс Беј и оствари ефект од 14.3 поени, 5.9 асистенции и 3.1 скок по натпревар.
Низ кариерата претходно собираше искуство во: Португалија, Естонија, Финска, Чешка, Романија, Германија и НЦАА. Ќе потсетиме, Работнички сезонава имаше проблем и со регистрацијата на странски кошаркари поради доловите, а тој проблем беше решен минатата недела.
Натпреварот против Тиквеш, центарци го играат денеска во терминот од 18:00 часот.