Претседателот на Ферари „распали“ по Леклер и Хамилтон по катастрофата во Бразил
Двајцата возачи беа критикувани од првиот човек на италијанскиот тим, кој им даде совет да се фокусираат на тркање, а не на зборување.
„Во Ф1 имаме механичари кои си ја вршат работата, како во квалификациите, така и во боксот. Инженерите исто така, а автомобилот покажа одредени подобри перформанси. Останатото не го исполни очекувањето. Луис и Шарл треба да се фокусираат на возењето и помалку да зборуваат“, кажа претседателот на тимот.