Трагедија во Торино: Две лица починаа на завршниот АТП турнир

Вториот ден од завршниот Мастерс што се одржува во Торино го одбележаа двата смртни случаи на повозрасни навивачи.

Станува збор за еден 70 и еден 78-годишен навивач кои итно буке префрлени во болницата Молинете, но не преживеаче и починале по пристигнувањето. На првиот му се слошило напладне пред фан селото на Пјаца д'Арми, во близина на арената, додека вториот се онесвестил на трибините за време на натпреварот помеѓу Лоренцо Мусети и Тејлор Фриц, кој заврши со победа на Американецот над Италијанецот во два брзи сета.

Во текот на оваа сезона, имаше неколку случаи на топлотен удар меѓу навивачите на трибините на Вимблдон, меѓу кои имаше и посериозни случаи. Натпреварите беа прекинати за да можат да добијат медицинска помош, но ситуацијата не ескалираше како сега во Торино.