Вардар во проблеми: Мато се повреди и го чека долга пауза!

Лидерот во домашниот шампионат, Вардар се соочува со големи проблеми пред продолжение на сезоната затоа што се повреди најдобриот фудбалер на тимот, Роџерс Мато.

Мато има сериозна повреда, односно му била скршена коска од стапалото на дуелот против Тиквеш, поради што го чека пауза од четири до шест недели.

Фудбалерот на Вардар оваа сезона настапи на 16 натпревари за „црвено-црните“, при што запиша 14 голови и две асистенции.