И тоа се случи: Уништен мурал на Ѓоковиќ среде Белград! (ФОТО)

Мурал посветен на Новак Ѓоковиќ во центарот на Белград е уништен, односно прекриен ссо црна боја.

Станува збор за мурал кој беше дело на познатиот уличен уметник и активисст Андреј Јосифовски, познат како „Пијанист“, а беше инспириран од „пумпањето“ на Ѓоковиќ на Вимблдон.

На муралот кој го прикажува моментот кога Ѓоковиќ гестикулира стоеше натпис: „Пумпај, пумпај, зошто застана“.

„Замислете го тој голем патриот со портокалово капче кој среде ноќ застанува пред Новак (Еј Новак!) го погледнува и му истура фарба на лицето и телото. Тоа е таа, фина срБска младина од кафез која сака да учи да црта графити. Одамна го освоивме врвот на дното, но продолжуваме и во стратосверата. Не се грижи брате мој, Ноле - следи одмазда, но без маска, среде бел ден, како што тоа ние го правиме“, објави Јосифовски на социјалните мрежи.

Инаку, Ѓоковиќ веќе подолго време е во конфликт со властите во Србија откако ги поддржа студентите кои протестираа.