Само илјада италијански навивачи добија дозвола да дојдат на „Вембли“ за финалето

Само илјада навивачи на Италија од Апенините ќе добијат можност да се најдат в недела на култниот лондонски „Вембли“ во финалето на Европското првенство помеѓу Англија и Италија, во битката за сребрениот трофеј, кој „аѕурите“ го чекаат од 1968 година, а „Гордиот албион“ никогаш не го освоил.

Поради ригорозните рестрикции во оваа пандемија со коронавирус и зголемувањето на зараза од „делта-сојот“, Англија не дозволува пристап на своја територија на странци без притоа да одат во карантин, па сега поради финалниот меч дозволени се само 1.000 навивачи, додека остатокот може да бидат Италијанци, ама кои живеат во Велика Британија или веќе го минале карантинот за да добијат право за слободно движење.

„Британските власти гарантираа дека максимално 1.000 луѓе од Италија ќе може да дојдат во Лондон, со низа обврски кои ќе мора да ги исполнат“, објави италијанската федерација (ФИГЦ).

Италијанските навивачи со чартери ќе дојдат на Островот и нема да може да се задржат повеќе од 12 часа, ќе бидат сместени во посебен сектор, а пред тргнување ќе мора да имаат негативен ПЦР-тест, додека на враќање ќе мора да си седат пет дена во карантин дома.

Италија има 6.500 влезници на располагање кои се достапни за Италијанците што живеат во Лондон и на Островото.

Финалето се игра во недела од 21 часот.